понеделник, 21 октомври 2024

СЗО е загрижена: Зголемување на бројот на заболени од респираторни инфекции во Кина

Објавено на

часот

Сподели

„СЗО испрати официјално барање до Кина за детални информации за зголемување на заболените од респираторни болести и пријавата на кластери на пневмонија кај децата“, се вели во соопштението на организацијата објавено синоќа на социјалната мрежа Икс.

СЗО препорачува „да се преземат чекори за намалување на ризикот од респираторни заболувања“.

Кинеските власти од Националната здравствена комисија одржаа прес-конференција на 13 ноември за да известат за зголемување на инциденцата на респираторни заболувања.

Властите го припишуваат порастот на укинувањето на ограничувањата за ковид-19 и циркулацијата на познатите патогени како што се грипот, микоплазма пневмонија, вообичаена бактериска инфекција која обично ги погодува помладите деца, респираторниот синцицијален вирус и вирусот што предизвикува ковид -19.

Во средата, СЗО соопшти дека групите, вклучително и Програмата за следење на нови болести, пријавиле кластери на недијагностицирана пневмонија кај деца во северна Кина. СЗО рече дека не е јасно дали тие се поврзани со севкупното зголемување на респираторните инфекции претходно пријавени од кинеските власти или со посебни случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ