понеделник, 21 октомври 2024

СЗО: Алармантен пораст на случаите на сипаници во Европа

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година дошло до „алармантен“ пораст на случаите на сипаници во Европа, за речиси 45 пати, пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи понатамошното ширење.

Околу 42.200 луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во текот на целата 2022 година.

СЗО верува дека ова е резултат на тоа што помалку деца се вакцинирани против болеста за време на пандемијата на ковид.

„Видовме, во регионот, не само 30-кратно зголемување на случаите на сипаници, туку и скоро 21.000 хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници. Ова е загрижувачко“, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

„Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест“, додаде тој.

Мали сипаници можат да бидат сериозна болест на која било возраст.

Од сите земји во европскиот регион побарано е да се детектираат сипаници и брзо да се реагира на нејзиното ширење, давајќи им вакцини на поголем број луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ