недела, 3 ноември 2024

Светска премиера: Шкода ја покажа освежената октавија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкода официјално ја претстави освежената октавија, како и најмоќната РС верзија на моделот.

Објавено на

часот

Сподели

Кога станува збор за дизајнот, чешката компанија се решила за суптилни промени, а како што и самите кажаа, новата октавија е инспирирана од моделот суперб, но со поспортсо чувство.

Подновената октавија има нови ЛЕД матрикс фарови кои изгледаат како да се „топат“. Задниот дел е речиси ист како до сега, иако купувачите имаат различни опции за задните светла. Што се однесува до ентериерот, има опциски 13-инчен дисплеј, а од Шкода порачуваат дека екранот од 10 инчи е „веќе стандард“.

Освежениот модел доаѓа во четири верзии: есенс, селекшн, спортлајн и РС.

Основната верзија има погонска група составена од 1,5-литарски ТСИ мотор со 85 киловати, во комбинација со шестбрзински рачен или седумбрзински автоматски ДСГ менувач.

Постои можност и за 110 киловати, додека верзијата со ДСГ е секогаш благ хибрид, што значи дека основната верзија може да има 115 коњски сили или 150 коњски сили.

Во верзиите над основната доаѓаат 2,0 ТСИ моторите, погонот на сите четири тркала, а најмоќната РС верзија има ДСГ менувач во комбинација со 261 коњска сила.

Достапни се и два ТДИ дизел мотори – верзија со 85 киловати и шестбрзински рачен менувач, и верзија со 110 киловати и седумбрзински ДСГ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ