петок, 25 април 2025

Зеленски го покани Трамп во Украина: Мислите дека разбирате што се случува овде, дојдете и видете!

„Сакаме да дојдете, а јас мислам дека треба да дојдете и да видите. Мислите дека разбирате што се случува овде. Во ред, ја почитуваме вашата позиција. Разбирате. Но ве молам, пред какви било одлуки, каков било облик на преговори, дојдете и видете ги луѓето, цивилите, борците, болниците, црквите, децата кои се уништени или мртви. Дојдете, видете, а потоа да започнеме со план да ја завршиме оваа војна“, рече тој.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека со доаѓањето во Украина „ќе сфати со кого си има работа“ и дека ќе разбере што направил рускиот претседател Владимир Путин.

„Ништо нема да подготвуваме. Тоа нема да биде театар, со подготвени актери на улиците и во центарот на градот. Не го правиме тоа. Не ни треба. Може да одите точно каде сакате, во кој било град што бил нападнат. Тоа што им го кажав беше само да дојдат и да разберат“, рече Зеленски.

Зборувајќи и за контроверзниот состанок во Овалната соба на кој дојде до судир со Трамп, Зеленски го критикуваше Џеј Ди Ванс, американскиот потпретседател.

„Тоа е промена на тонот, всушност промена на реалноста, и јас не сакам да учествувам во оваа искривена реалност што ми се прикажува. Прво, не тргнавме во напад за да започнеме војна. Ми се чини дека потпретседателот некако ги оправдува постапките на Путин. Се обидов да објаснам: Не можете да барате нешто во средина. Тука се агресор и жртва, агресор е Русија, а ние сме жртва“, рече Зеленски.

На крајот од интервјуто, Зеленски рече дека „безбедноста на светот е во прашање“ кога се зборува за руската агресија врз Украина.

„Доколку не сме цврсти, тој ќе оди понатаму. Ова не се само празни шпекулации, заканата е реална. Крајната цел на Путин е да ја оживее Руската империја и да ги врати териториите кои моментално се под заштита на НАТО. А фактот дека САД се дел од НАТО значи дека ќе бидат вклучени во секој можен конфликт. Земајќи го сето ова во предвид, верувам дека ова може да ескалира во светска војна“, рече украинскиот претседател.

Тој додаде дека Русија, односно нејзиниот претседател Путин претставуваат безбедносен ризик за целиот свет.

Интервјуто е снимено во родниот град на украинскиот претседател Кривји Рих, каде пред неколку дена во руски ракетен напад загинаа четири лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ