петок, 19 декември 2025

Зеленски бесен по масовните руски напади, ги повикува сојузниците да спроведат сè што е договорено

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата прва изјава по масовните руски напади во текот на изминатата ноќ ги повика сојузниците „да спроведат сè што е договорено во Париз“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски во објава на Телеграм напиша дека „повеќе од 800 беспилотни летала и 13 ракети, од кои четири се балистички“, ја погодиле Украина во текот на ноќта, објави Укринформ.

Повикувајќи се на извештаи дека 32-годишна жена и нејзиното двомесечно дете биле убиени во Киев, Зеленски рече дека таквите убиства, во време кога „вистинската дипломатија можеше да започне одамна“, претставуваат „намерно злосторство и продолжување на војната“.

Украинскиот претседател ги повика сојузниците да „спроведат сè што е договорено“ откако Коалицијата на спремни се состана во Париз оваа недела за понатамошни разговори за безбедносните гаранции за Украина.

„Светот може да ги натера злосторниците од Кремљ да престанат да убиваат, сè што е потребно е политичка волја“, заклучи Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ