Тој изјави дека руската војска извршила напади со повеќе од 400 беспилотни летала и 40 ракети.
„Русија мора да биде повикана на одговорност. Од првите минути од оваа војна, тие бомбардираа градови и села за да уништат животи“, додаде украинскиот претседател.
„Сега е време кога Америка, Европа и светот можат заедно да ја запрат оваа војна со притисок врз Русија“, додаде Зеленски во пораката на социјалните мрежи.
Најмалку четири лица загинаа во украинскиот главен град Киев во руски напад со беспилотни летала и балистички ракети во текот на ноќта, соопштија украинските власти.