Договорот повикува на „раздружување, разоружување и условна интеграција“ на вооружените групи кои се борат во источниот дел на ДР Конго.
Дополнителни детали се оскудни, а претходните мировни договори во регионот пропаднаа. Сепак, тоа не ги спречи претседателите на САД и Конго да го опишат ова како генерациска победа.
„Ова е голем ден за Африка и… голем ден за светот!“, напиша претседателот Доналд Трамп на својата платформа Трут соушл минатата недела кога беше постигнат првичниот договор.
„Уште еден дипломатски успех за претседателот Феликс Чисекеди – секако најважниот во повеќе од 30 години“, соопшти кабинетот на претседателот на Конго пред потпишувањето во петок.
Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи на Конго и Руанда во американскиот Стејт департмент.
Имаше разговори дека Чисекеди и претседателот на Руанда, Пол Кагаме, ќе одат во Вашингтон на средба со Трамп, иако датумот сè уште не е одреден.