недела, 14 декември 2025

Воен авион во Бангладеш се урна во училишен кампус, при што загинаа најмалку 19 лица (ВИДЕО)

Најмалку 19 лица загинаа денеска кога авион за обука на бангладешката војска се урна во кампусот на приватно основно и средно училиште во Дака, соопшти официјален претставник на противпожарната служба.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 50 лица, вклучувајќи деца и возрасни, се хоспитализирани поради изгореници, изјави за новинарите лекар од Националниот институт за изгореници и пластична хирургија.

Авионот се урна во кампусот на приватното училиште и колеџ „Мајлстоун“ во северниот округ Утара во Дака, соопштија официјални лица. „Авион за обука Ф-7 БГИ на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во Утара“, соопшти војската.

Авионот се урна во зградата, предизвикувајќи пожар. „Ученик од трето одделение беше донесен мртов, уште три лица на возраст од 12, 14 и 40 години беа примени во болница“, рече Бидан Саркер, раководител на одделот за изгореници во болницата во Дака.

Владата вети истрага и помош за жртвите. Инцидентот се случил нешто повеќе од еден месец откако авион на Ер Индија се урна во хостелот на медицинскиот колеџ во Ахмедабад, Индија. Од 242 патници и членови на екипажот, 241 лице загинаа и уште 19 лица на земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ