недела, 14 декември 2025

Во Лондон уапсени се 474 лица за поддршка на Палестина, меѓу кои и 89-годишна жена (ВИДЕО)

Стотици луѓе беа уапсени на протестот во Лондон организиран за поддршка на групата Палестинска акција, која неодамна беше забранета од британската влада. Полицијата на Метрополитен потврди дека се приведени дури 474 лица, што е најголем број апсења во еден ден во последните десет години, пренесува Би-би-си.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според полицискиот извештај, 466 демонстранти биле уапсени за поддршка на забранета организација, петмина за напад врз полицајци, двајца за нарушување на јавниот ред и мир и едно лице за кривично дело мотивирано од расна омраза. Ниту еден полицаец не е сериозно повреден.

Меѓу уапсените има и 89-годишна жена, објавија британските агенции.

На протестот, организиран од групата „Да ги браниме нашите поротници“ на плоштадот на Парламентот во Вестминстер, учествуваа меѓу 500 и 600 луѓе. Точно во 13 часот, со ѕвонење на Биг Бен, стотици демонстранти истовремено држеа рачно напишани натписи со пораката „Се спротивставувам на геноцидот. Ја поддржувам акцијата на Палестина“.

На снимката од плоштадот се гледа како полицајци се движат меѓу демонстрантите, кои главно мирно седеа на земја. По кратки разговори полицијата почнала да ги приведува. Демонстрантите трпеливо чекаа свој ред, а оние што одбија да станат беа изведени од толпата од полицијата, извикувајќи „срам да ви е“. Меѓу уапсените има и 89-годишна жена.

Многу демонстранти одбија да разговараат со медиумите, но некои ги споделија своите причини. „Ако ја забранат Палестинската акција, која е следната група? Сè додека едноставно не ни е дозволено да протестираме повеќе за ништо. Тоа е антидемократија“, изјави еден од демонстрантите за Би-би-си.

Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ѝ се заблагодари на полицијата за нивната интервенција и ја бранеше забраната за групата, велејќи дека таа се заснова на „силни безбедносни совети по сериозните напади извршени од групата“. Од друга страна, Амнести интернешнл ги опиша масовните апсења како „длабоко загрижувачки“.

„Демонстрантите на плоштадот на Парламентот не поттикнаа насилство и е сосема непропорционално, до точка на апсурд, да се третираат како терористи“, изјави Саша Дешмук, извршен директор на Амнести интернешнл.

Уапсените демонстранти беа ослободени со кауција под услов да не учествуваат во понатамошни протести во поддршка на групата, додека оние чиј идентитет не можеше да се потврди беа задржани во притвор.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ