среда, 17 декември 2025

Трамп: Милиони во Украина се мртви поради три лица

Доналд Трамп уште еднаш отворено ги обвини Володимир Зеленски и „корумпираниот Џо Бајден“ за започнување на војната во Украина. Трамп додаде дека Путин го почитувал за време на неговиот прв мандат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја. Само што пристигнав, a за време на четирите години на мојот мандат, немав проблем да го спречам тоа да се случи. Претседателот Путин и сите други го почитуваа вашиот претседател!

ЈАС НЕМАМ ВРСКА СО ОВАА ВОЈНА, НО РЕВНОСНО РАБОТАМ ДА СЕ ЗАПРЕ СМРТТА И УНИШТУВАЊЕТО. Да не беа НАМЕСТЕНИ претседателските избори во 2020 година, што беа, на толку многу начини, таа страшна војна никогаш немаше да се случи.

Претседателот Зеленски и расипаниот Џо Бајден направија апсолутно ужасна работа што дозволија да започне оваа трагедија. Имаше толку многу начини да се спречи да започне. Но, тоа е минато. Сега мораме да ја запреме, и ТОА БРЗО. ТОЛКУ ЖАЛНО!“, напиша Трамп.

Набргу по објавата на својата социјална мрежа Трут соушл, Трамп повторно ги нападна Зеленски и Бајден во изјава за време на средбата со претседателот на Ел Салвадор, но овој пат го спомна и Путин, пренесе Скај њуз.

Трамп рече дека не го смета Зеленски за компетентен и тврди дека тој, Џо Бајден и Владимир Путин се одговорни за војната во Украина.

„Да беше Бајден компетентен и ако Зеленски беше компетентен, а не знам дали е… Не смееше да се дозволи таа војна да се случи“.

„Бајден можеше да ја спречи, и Зеленски можеше да ја спречи. А Путин никогаш не требаше да ја започне“, додаде тој.

На прашањето за украинскиот претседател, Трамп дополнително рече:

„Кога започнувате војна, мора да знаете дека можете да победите. Не започнувате војна против некој кој е 20 пати посилен од вас. А после да се надевате дека некој ќе ви испрати проектили“.

Трамп вели дека тој бил првиот што ѝ испорачал ракети Џавелин на Украина и дека денешниот конфликт можел да се избегне.

Според него, редоследот на одговорноста за војната е: Путин, Бајден, па Зеленски.

„Милиони луѓе се мртви поради три лица“, заклучи Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ