недела, 14 декември 2025

Трамп им се обрати на Американците: Ова е мрачен момент за сите нас (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека е „исполнет со тага и гнев“ по „грозоморното убиство“ на десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кирк, лојален сојузник на американскиот претседател, беше убиен на универзитетски настан во Јута во среда попладне по американско време. Властите изјавија дека осомничениот веројатно пукал од покрив од значително растојание, додавајќи дека околу 3.000 луѓе се собрале на собирот на Универзитетот во Јута.

Директорот на ФБИ Кеш Пател првично објави дека осомничениот за пукањето во кое беше убиен конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, но неколку часа подоцна објави дека притворениот е ослободен по испрашувањето.

Во видео порака објавена на Трут соушл и Икс, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „исполнет со тага и гнев поради грозоморното убиство на Чарли Кирк“.

„Чарли инспирираше милиони, а вечерва, сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли е патриот кој го посвети својот живот на каузата за отворена дебата и на земјата што ја сака толку многу, Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.

„Тој е пример на вистината и слободата, и никогаш не постоел некој што е толку почитуван од младите. Чарли беше исто така човек со длабока, длабока вера. И се утешуваме знаејќи дека тој сега е во мир со Бога на небото“, рече Трамп, додавајќи дека го замолил Бога да ги чува сопругата и децата на Кирк „во овој ужасен час на болка и тага. Ова е мрачен момент за Америка“, додаде тој.

Тој најави дека неговата администрација ќе „ги пронајде сите оние што придонеле за ова злосторство и друго политичко насилство“. Трамп истакна дека „екстремно левичарското политичко насилство повредило премногу невини луѓе“.

Тој го спомена обидот за атентат врз него и убиството на Брајан Томпсон, извршниот директор на Јунајтед хелткер, минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ