Слична загриженост се јавува и за Бајден (81). Трамп и Бајден се најстарите кандидати за претседател во историјата на САД.
„Путин толку малку го почитува Обама што почна да се расфрла со зборот нуклеарно. Го слушнавте тоа. Нуклеарно. Сега почнува да зборува за нуклеарно оружје“, рече Трамп завчера вечер во Ричмонд.
Толпата, наводно, замолчела додека Трамп го спомнувал Обама, кој ја напушти функцијата пред повеќе од седум години. Ова е трет пат Трамп да направи слична грешка во последните шест месеци.
Меѓу другите гафови на поранешниот американски претседател е и мешањето на неговата републиканска ривалка Ники Хејли со поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.
Хејли (52), која останува во трката за републиканска номинација и покрај повеќекратните порази на прелиминарните избори, се обиде да се претстави како помлада, поздрава опција – нарекувајќи ги Трамп и Бајден мрзливи старци.
Грешката на Трамп дојде еден ден откако Бајден двапати ги збуни Украина и Газа кога објави дека САД ќе доставуваат хуманитарна помош по воздушен пат до Палестинците во Газа кои гладуваат поради израелските бомбардирања и блокади.
„Во наредните денови ќе им се придружиме на нашите пријатели во Јордан и на другите кои со авион испраќаат дополнителна храна и залихи во Украина“, рече Бајден во петокот. САД „ќе се обидат да отворат други патишта кон Украина, вклучително можеби и поморски коридор“, додаде тој.
Официјален претставник на Белата куќа подоцна појасни дека Бајден мислел на Газа, а не на Украина. Прашањата за возраста на Бајден се интензивираа во последните месеци.






