сабота, 26 април 2025

Судири на улиците на Атина, полицијата употреби солзавец против демонстрантите, 70 уапсени (ФОТО+ВИДЕО)

Немири избувнаа во текот на ноќта во атинската населба Егзархија, кога непознати лица фрлаа молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон полициската станица во населбата.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Запалени се неколку паркирани автомобили и мотоцикли. Интервентната полиција која пристигна на местото на настанот употреби солзавец за да ги растера учесниците.

Полицијата уапси повеќе од 70 лица, објави во неделата грчката телевизија ЕПТ њуз, повикувајќи се на безбедносни извори. Од Брза помош известуваат дека едно лице е полесно повредено.

Немирите, наводно, започнале по музички настан во парк во населбата, според изјави на очевидци. Околу полноќ, околу 50 луѓе го напуштиле настанот и започнале напад врз блиската полициска станица. Немирите брзо се прошириле на соседните улици.

Новинарите на терен известуваат дека до недела наутро ситуацијата се смирила. Полицијата се сомнева дека немирите можеби биле протест поврзан со железничката несреќа од пред околу две години, во која загинаа 57 лица.

Во петокот, непознати лица извршија бомбашки напад врз седиштето на Хеленик Трејн, главната железничка компанија која управува со патнички и товарни возови. Во нападот нема повредени, а истрагата сè уште е во тек.

Бројни роднини на жртвите, но и политички партии, го обвинуваат железничкото претпријатие и конзервативната влада за запоставување на железничкиот систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ