Османи веста за признавањето ја соопшти по средбата со суданскиот министер за надворешни работи Али Јусеф Алшари на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, пренесува КоССев.
„Ми беше чест и задоволство да се сретнам со министерот за надворешни работи на Судан. На нашата прва средба тој ме информираше дека претседателот на Судан донел одлука да ја признае независноста на Република Косово и дека ќе воспоставиме дипломатски односи меѓу нашите земји“, рече Османи во видеото објавено на социјалната мрежа Икс.
„Се заблагодарувам во името на народот на Република Косово. Ова е почеток на едно прекрасно партнерство“, рече таа.
Sudan has recognised the Republic of Kosovo and our two countries have agreed to establish diplomatic relations.
Thank you from the people of the Republic of Kosovo.
This is the beginning of a great partnership!
Our joint statement: pic.twitter.com/3UUWQngth2
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) April 12, 2025
Суданскиот министер ја истакна важноста на оваа одлука, заблагодарувајќи му се на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за организирањето на Форумот во Анталија.
„Почестен и привилегиран сум што претседателот на мојата земја ме испрати денеска овде. По средбата со претседателот Ердоган, што беше добар знак за овој собир во Турција, решивме да ја признаеме вашата прекрасна земја. Во име на мирољубивиот народ на Судан, изразувам голема почит кон вашата земја, како нов член на меѓународната заедница“, рече суданскиот министер.