недела, 14 декември 2025

Силен земјотрес ја погоди Грција (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Евија синоќа, а силно беше почувствуван и во Атина, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека јачината на земјотресот била 5,2.

Фото: ЕМСЦ

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот се случил околу половина час по полноќ по локално време и бил локализиран во морето 45 километри североисточно од грчката престолнина и 4 километри од брегот на Неа Стира на југозапад од островот Евија, вториот по големина грчки остров.

Според грчките медиуми, сè уште нема вести за можни жртви и штети. Градоначалникот на Маратон, Стергиос Циркас, изјави за телевизиската станица ЕРТ дека земјотресот бил многу силен и додаде дека засега нема вести за штети.

Грција се наоѓа над неколку геолошки раседи и често е погодена од земјотреси. Во мај, земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит и беше почувствуван дури до Египет, како и во грчката престолнина, а во јануари и февруари беше регистрирана силна сеизмичка активност во областа на островот Санторини во Егејското Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ