Овој пат целта беше градот Павлоград, објави гувернерот на поширокиот регион, Серхиј Лисак. Според него, во нападот загинале две лица, а осум се повредени.
„Напаѓачот повторно изврши масовен напад со дронови врз нашиот регион“, рече Лисак, додавајќи дека 11 дронови биле соборени над областа.
Лисак објави и фотографија од пожар во зграда која изгледа како станбена, наведувајќи дека во градот избувнале повеќе пожари.
росіяни вбили в Павлограді трьох людей, в тому числі дитину.
Ще десятеро — постраждали, серед них двоє підлітків. Місто атакували російські БпЛА, спричинивши кілька пожеж. Одна з них спалахнула в багатоповерхівці.
1/2Джерело: очільник Дніпропетровської ОВА Сергій Лисак pic.twitter.com/DdqLwJNZh4
— Накипіло. Харків (@nakypiloua) April 25, 2025
Шестмина ранети се префрлени во болница, додека две лица, меѓу кои и едно 15-годишно девојче, добиле медицинска помош на лице место, рече тој.
Пожарите, според него, избувнале и на локации на компании во областите Синелникивски и Самаривски.
Украинските воздухопловни сили објавија дополнителни информации, според кои Москва лансирала вкупно 103 дронови во нападите на Украина.
Од тој број, 41 беспилотно летало биле соборени, а уште 40 биле електронски блокирани, соопшти војската.
Не е јасно што се случило со преостанатите 22 дронови.
Според украинските податоци, нападите предизвикале штета во регионите Харков, Суми, Черкаси, Доњецк и Дњепропетровск.