недела, 14 декември 2025

Романскиот претседател: Русија се однесува агресивно и му пркоси на мирот. Мора да ја спречиме

Романскиот претседател Никусор Дан ја обвини Русија дека се однесува агресивно, дека му пркоси на постигнувањето на мир и дека мора да биде запрена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Русија уште еднаш покажа, со очигледното нарушување на полскиот воздушен простор синоќа, дека се однесува агресивно, постојано ги тестира нашите граници и им пркоси на сите наши напори за постигнување мир. Ова е неприфатливо. Русија мора да биде запрена и да се стави под притисок да седне на преговарачката маса“, рече романскиот претседател Никусор Дан.

„Романија изразува целосна солидарност со Полска, нашиот сојузник и стратешки партнер. Обединети сме во тоа дека НАТО, а особено источното крило на Алијансата од Балтичкото до Црното Море, да го направиме побезбедно. Исто така, ќе продолжиме да им даваме целосна поддршка на Украина и нејзиниот храбар народ, кој е изложен на немилосрдни напади секој ден“, додаде Дан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ