недела, 14 декември 2025

Ројтерс: Германската војска треба да го удвои бројот на војници

Германската војска треба да додаде 100.000 активни војници на своите сегашни 62.000 за да ги исполни новите цели на НАТО, насочени кон зголемување на подготвеноста во услови на она што се смета за „растечка закана од руска агресија“, изјави нејзиниот командант во доверлив документ во кој увид имал Ројтерс во четвртокот.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Императив е војската да стане доволно подготвена за војна до 2029 година и да ги обезбеди капацитетите што Германија ги вети (на НАТО) до 2035 година“, напиша началникот на војската Алфонс Маис во писмо од 2 септември до началникот на Генералштабот Карстен Бројер, објави Ројтерс.

Тој рече дека постигнувањето на овие цели е невозможно со моментално одобрените нивоа на персонал, кои вклучуваат и 37.000 неактивни војници.

Германија веќе почна да ги зголемува своите обврски кон сојузниците во источна Европа, не само со воспоставување германска бригада во Литванија, која ќе брои околу 5.000 војници, и распоредување поморски патроли во Балтикот за борба против подводни саботажи.

Маис повика на зголемување на бројот на активни војници за околу 45.000 до 2029 година – годината кога алијансата предводена од САД изјави дека очекува Русија да биде способна за напад од големи размери врз западните сојузници.

Москва постојано негира каква било намера да започне војна против НАТО или нејизните членки.

Но, за да се исполнат целите на НАТО, договорени на самитот во јуни, и да се создадат резерви за војна како онаа што Русија ја води во Украина, Маис ја предвиде потребата од дополнителни 45.000 активни војници до 2035 година.

Тој исто така повика на околу 10.000 дополнителни војници за зајакнување на територијалната одбрана.

Портпаролот на Министерството за одбрана во Берлин одби да коментира за документот, наведувајќи ја неговата доверлива природа.

Тој рече дека НАТО ги прилагодил своите цели за капацитетите како одговор на „значително зголемените закани“ по руската инвазија на Украина во 2022 година:

„Според првата груба проценка, ќе бидат потребни вкупно околу 460.000 лица (од Германија), поделени на околу 260.000 активни војници и околу 200.000 резервисти.“

Во јуни, министерот за одбрана Борис Писториус објави дека на Германија ќе ѝ бидат потребни до 60.000 дополнителни активни припадници во сите воени гранки за да ги исполни новите цели на НАТО, со што идната сила на германските вооружени сили, Бундесверот, ќе достигне околу 260.000.

Сепак, тие сè уште не ја достигнале целта од 203.000 војници поставена во 2018 година, а според министерството, сè уште им недостасуваат околу 20.000 редовни припадници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ