„Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот Путин“, рече Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето дали договорот, постигнат со посредство на САД, ќе биде продолжен по истекот на 16 април (30 дена по објавувањето на мораториумот на 18 март).
Песков тврди дека „украинската страна во суштина не го почитува мораториумот“.
„Затоа, се разбира, ќе биде неопходно да се анализираат овие 30 дена. Веројатно да се разменат информации и размислувања со Американците. И тогаш врховниот командант, претседателот, ќе донесе одлука“, заклучи портпаролот на Кремљ.