вторник, 24 февруари 2026

Обилни дождови го погодија Бразил, прогласена состојба на катастрофа (ФОТО)

Бројот на загинати во лизгања на земјиштето предизвикани од обилните дождови во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 22, соопштија денес локалните власти.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Претходно беше објавено дека во свлечиштата загинале 14 лица.

Локалната противпожарна служба потврди 16 смртни случаи во градот Хуиз де Фора и шест во градот Уби, оддалечен околу 110 километри, пренесува Ројтерс.

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изрази сочувство до семејствата на жртвите.

„Нашиот фокус е да обезбедиме хуманитарна помош, да ги обновиме основните услуги, да им помогнеме на раселените лица и да помогнеме во реконструкцијата“, напиша Лула на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Околу 440 лица беа раселени во Хуиз де Фора, соопшти градскиот совет, додавајќи дека се мобилизирани специјализирани тимови за да реагираат на инцидентите и да бараат исчезнати лица.

Бразилската влада прогласи состојба на катастрофа во градот Хуиз де Фора, а повеќе од 440 бездомници се сместени во засолништа во населбата Пајнеирас.

Поголемиот дел од Бразил влегува во врвот на дождовната сезона, која носи чести интензивни поројни дождови, грмотевици, поплави и лизгање на земјиштето.

Градскиот совет на Жуиз де Форет соопшти дека ова бил највлажниот февруари во историјата на градот, со врнежи од дожд кои веќе се повеќе од двојно поголеми од очекуваните за овој месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ