недела, 14 декември 2025

НАТО: Не го третираме упадот на руски дронови во Полска како напад

Ројтерс објави дека во операцијата за заштита на полскиот воздушен простор синоќа, покрај полските Ф-16, учествувале и холандски Ф-35 и италијанските авиони за надзор АВАКС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извори на НАТО, инцидентот засега не се третира како напад. Алијансата исто така потврди дека руските дронови на радар биле забележани и од системите Патриот, но не отвориле оган.

Ројтерс потсетува дека ова е првиот случај во кој Полска соборила руски беспилотни летала на сопственото небо.

Премиерот Доналд Туск го нарече настанот „чин на агресија“, додека Европската унија рече дека ова е најсериозното кршење на европскиот воздушен простор откако започна руската инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ