петок, 25 април 2025

Масакр во Суми, најмалку 34 лица загинаа во најсмртоносниот руски напад на Украина годинава

Најмалку 34 лица загинаа во нападот со руски балистички ракети врз градот Суми во североисточна Украина, што се случи утринава на Цветници. Меѓу убиените има и две деца. Ранети се најмалку 117 лица, од кои 15 се деца. Ова е еден од најсмртоносните руски напади врз Украина оваа година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што потврдија украинските власти, во нападот бил погоден тролејбус, а нападот бил извршен со балистички ракети „Искандер-М“.

На бруталниот напад реагираше украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Без притисок врз агресорот, мир не е можен. Разговорите никогаш не ги запреа балистичките ракети и авионските бомби. Русија треба да се третира како што заслужуваат терористите“, рече Зеленски.

„Рускиот напад погоди во срцето на Суми“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до нацијата вечерва.

Тој додаде дека меѓу ранетите во рускиот напад има и девојче кое е родено оваа година. Тој нагласи дека била ранета во вториот од двата руски напади на Суми.

„Само ѓубре би можело да направи вакво нешто“, заклучи украинскиот претседател.

Шефот на неговата канцеларија, Андриј Јермак, изјави дека проектилите содржеле касетна муниција. „Русите го прават ова за да убијат што повеќе цивили“, рече Јермак.

Русија денеска истрела две балистички проектили кон Суми, а повеќето цивилни жртви се од вториот проектил, објави на Телеграм шефот на регионалната воена управа Серхиј Кривошејенко.

„Втората балистичка ракета, очигледно, беше исполнета со фрагментирани елементи и експлодираше во воздух за да предизвика максимална штета врз луѓето“, рече Кривошејенко.

„Според прелиминарните податоци, повеќето цивили се убиени токму од овие фрагментирани елементи. Експлозијата се случи на околу 200 метри од местото на првиот удар, во населба каде што се наоѓаат станбени згради, образовни институции и продавници“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ