недела, 14 декември 2025

Десетици маскирани крадци извршија напад во златарница во Калифорнија (ВИДЕО)

Надзорна камера го снимила моментот кога златарница во Калифорнија беше ограбена од повеќе од десетина маскирани крадци. Инцидентот се случил во петокот попладне во златарница во Сан Хозе, а на снимката се гледа како џип удира во излогот, по што група луѓе со разни алатки упаѓаат во продавницата, кршејќи ги витрините и крадејќи го пленот, објави Ен-би-си њуз.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во грабежот е повреден сопственикот на продавницата, 88-годишен маж, кој бил соборен на подот. Неговата внука изјави за Ен-би-си дека се здобил со посекотини од скршено стакло и дека лекарите во болницата откриле дека доживеал и мозочен удар. Иако бил пуштен на домашна нега во неделата, семејството се сомнева дека некогаш ќе се врати на работа.

Полицијата во Сан Хозе потврди дека грабежот се случил во 14:09 часот и дека најмалку едно лице било вооружено со пиштол. „Осомничените избегале од местото на настанот со повеќе возила пред да пристигне полицијата“, се вели во соопштението. Детективите што истражуваат грабежи ги повикаа сите што имаат информации да се јават.

Злосторството предизвика реакција од активисти и локални политичари кои предупредуваат на порастот на ваквите инциденти, и покрај официјалната статистика што покажува целокупен пад на криминалот во државата. Во неделата се одржа прес-конференција на која организаторите го повикаа гувернерот Гевин Њусом да инвестира повеќе ресурси во борбата против криминалот.

Од друга страна, најновите податоци од Министерството за правда на Калифорнија покажуваат дека бројот на грабежи минатата година бил помал во споредба со претходната година, додека кражбите и другите имотни деликти биле на најниско ниво во последните девет години.

Во саботата, на социјалната мрежа Икс беше објавена анализа во која се заклучува дека Сан Хозе и Лос Анџелес се најбезбедните големи градови во Соединетите Американски Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ