сабота, 31 мај 2025

Бенјамин Нетанјаху на судењето за корупција негираше дека примил несоодветни подароци

За време на сведочењето на судењето за корупција, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес негираше дека примил несоодветни подароци во вид на шампањ и пури од холивудскиот продуцент Арнон Милчан, во замена за поддршка на закон кој за него бил поволен, што е познато како „Случај 1.000“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Милчан ми даваше пури како пријател, никогаш не ги барав, тој доаѓаше и ми ги даваше“, изјави Нетанјаху пред судот, пренесе Тајмс оф Израел.

Нетанјаху додаде дека „Милчан се бањал во шампањ“, дека „пиел шампањ со секој оброк“, дека неговиот подрум „бил полн со шампањ“ и дека им давал шампањ на сите, вклучувајќи го и поранешниот израелски претседател и премиер Шимон Перес.

Тој исто така пред судот рече дека неговата сопруга Сара „добила дел од тоа“. „Мојата сопруга би изгледала како сумо борач да испиеше 160 гајби шампањ, а можам да ви кажам дека нема 300 килограми“, рече Нетанјаху.

Нетанјаху го отфрли сведочењето на Хадас Клајн, која работеше како асистентка на Милчан, дека неговата сопруга Сара ја малтретирала и ѝ се заканувала со отказ, наведувајќи дека „никогаш не ја видел“ својата сопруга да ѝ вика.

Во еден момент од судењето, демонстрантите почнаа да му викаат на Нетанјаху дека заложниците што ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа „немаат шампањ и пури“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ