четврток, 8 мај 2025

Унгарија сугерира дека биолошки напад може да биде извор на епидемијата на шап и лигавка

Унгарија денеска сугерираше дека „биолошки напад“ би можел да биде изворот на првата епидемија на шап и лигавка во земјата по повеќе од половина век, што предизвика затворање на границите и масовно колење на добиток на северозапад.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија минатиот месец го пријави својот прв случај на шап и лигавка во последните 50 години на сточарска фарма на северозапад во близина на границата со Австрија и Словачка, соопшти Светската организација за здравје на животните, цитирајќи ги унгарските власти, објави Ројтерс.

Досега се извршени проверки на речиси 1.000 фарми низ Унгарија, а само четири во погодениот северозападен регион дале позитивни резултати.

„Во оваа фаза, можеме да кажеме дека не може да се исклучи дека вирусот не е од природно потекло, можеби имаме работа со вештачки создаден вирус“, рече на прес-конференција шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљас.

Одговарајќи на прашање, Гуљас рече дека не може да исклучи дека избувнувањето на вирусот е резултат на биолошки напад, без да даде информации за тоа кој би можел да биде одговорен.

Тој рече и дека сомнежот е заснован на вербални информации добиени од странска лабораторија и дека нивните наоди сè уште не се целосно докажани и документирани.

Унгарскиот сточен фонд изнесуваше 861.000 грла врз основа на декемврискиот попис на добитокот, што е мала промена од претходната година.

Тоа е 1,2 отсто од вкупниот сточен фонд во Европската унија, покажува официјалната статистика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ