Рускиот Телеграм канал Ексиленова+, повикувајќи се на изјави на локални жители, објави за голем пожар што избувнал во рафинеријата за нафта Илски околу 2 часот наутро. Фотографиите и видеата што кружат на социјалните медиуми наводно покажуваат огромни пламени што се издигаат од објектот.
Официјални лица во регионот тврдат дека технолошката работилница во рафинеријата се запалила, додавајќи дека нема извештаи за жртви. Киев Индипендент не можеше независно да ги потврди овие извештаи или тврдења на руски официјални претставници, украинската војска сè уште не го коментираше нападот.
Украина ги засили нападите со долг дострел врз руските енергетски објекти во последните месеци, насочувајќи се кон рафинерии и складишта за да го прекине финансирањето на воената машинерија на Москва. Рафинеријата Илски, која се наоѓа на околу 500 километри од територијата контролирана од Украина, е една од најголемите во јужна Русија и произведува над 6 милиони тони гориво годишно.
Киев веќе неколку пати ја напаѓаше оваа рафинерија. Последниот напад се случи на 7 јули, кога беспилотно летало погоди една од технолошките работилници, потврди тогаш извор од украинската воена разузнавачка служба (ХУР) за Киев Индипендет.
The Ilsky oil refinery in the Krasnodar region, Russia, is burning. pic.twitter.com/fuQMg8QSiL
— (((Tendar))) (@Tendar) September 7, 2025
Краснодарскиот крај, стратешки регион долж рускиот брег на Црното Море, е сè поголема цел на украински напади со беспилотни летала, бидејќи Киев ги проширува своите напади длабоко на руска територија. Само во август Украина погоди најмалку 12 рафинерии, затворајќи ги капацитетите кои сочинуваат над 17 отсто од капацитетот за рафинирање во земјата.
Во услови на напади на Украина врз енергетската инфраструктура, рускиот претседател Владимир Путин призна дека земјата се соочува со недостиг на гас. Како решение, Путин предложи префрлање на резерви на јаглен, кои „ќе траат речиси илјада години“, изјави тој, пренесува Москва тајмс.






