Претседателот Николас Мадуро одговори со порака дека секоја американска агресија ќе доведе до „планирана и организирана вооружена борба на целата нација“, најавувајќи обука на милицијата во која ќе биде вклучено и цивилното население. Ќе го браниме мирот, територијалниот интегритет, суверенитет и нашиот народ“, изјави Мадуро.
Во своето обраќање, тој покажа дијаграм на подготвеноста на одбранбените сили и изјави дека Венецуела моментално е во „жолтата фаза на интегрирана одбрана“, користејќи политички, информативни и дипломатски средства. „Тие лажеа за оружјето за масовно уништување во Ирак, лажат и за Венецуела“, рече Мадуро, обвинувајќи ги САД дека подготвуваат конфликт под лажни изговори.
Venezuelan President Maduro:
It wasn’t true that there were weapons of mass destruction in Iraq, and what they’re saying about Venezuela isn’t true either.pic.twitter.com/lmqS0pGCG5
— Clash Report (@clashreport) September 6, 2025
Но, најавата за вклучување на граѓаните во одбранбениот систем е сигнал дека и Каракас се подготвува за можност од вооружен конфликт.
Тензиите се зголемија откако американската морнарица потопи брод за кој вели дека превезувал дрога од Венецуела. Загинаа 11 лица, Вашингтон потврди дека операцијата ја наредил лично претседателот.
Шефот на дипломатијата, Марко Рубио, изјави дека нападот е „само почеток“ и најави дека слични акции ќе продолжат. САД испратија воени бродови вооружени со ракети „томахавк“, подморница и повеќе од 4.000 војници во регионот, вклучувајќи 2.000 маринци, како и десет борбени авиони Ф-35 распоредени во Порторико.
Мадуро ја обвини Америка дека планира „насилна промена на режимот во Латинска Америка“, но додаде дека Венецуела останува отворена за дијалог: „Го почитувам Трамп. Ниту една од нашите разлики не смее да доведе до војна“.
Белата куќа останува на ставот дека Трамп дејствува во рамките на своите уставни овластувања, но правното оправдување за нападите останува спорно. Експертите предупредуваат дека комбинацијата на американски напади, воено засилување во регионот и венецуелските провокации ги туркаат двете земји на работ на војна, додека линијата помеѓу борбата против картелите и отворениот конфликт станува сè понејасна.






