„Во понеделник, во 10 часот, ќе разговарам на телефон со претседателот на Русија, Владимир Путин. Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ во кое просечно се убиваат повеќе од 5.000 руски и украински војници неделно и за трговија. Потоа ќе разговарам со претседателот на Украина, Зеленски“, најави Трамп во објавата на социјалната мрежа Трут соушл.
Трамп додаде дека по разговорите со рускиот и украинскиот претседател ќе разговара и со „некои членки на НАТО“.
„Се надевам дека ќе биде продуктивен ден, дека ќе има прекин на огнот и дека оваа многу насилна војна, војна што никогаш не требаше да се случи, ќе заврши. Бог да нè благослови сите“, рече Трамп.