„Ми се допаѓа кинескиот претседател Си, отсекогаш ми се допаѓал и секогаш ќе ми се допаѓа, но тој е МНОГУ СТРОГ И Е ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКО СО НЕГО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОР“, напиша Трамп во објава на својот профил на социјалната мрежа Трут соушл.
Портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит во понеделник изјави дека Трамп ќе разговара со Си оваа недела, додека двајцата лидери се обидуваат да ги надминат разликите околу царинскиот договор од минатиот месец во Женева, заедно со други трговски прашања.
Американскиот трговски суд минатата недела пресуди дека Трамп ги пречекорил своите овластувања со наметнување на повеќето од своите царини за увоз од Кина и други земји повикувајќи се на закон за вонредни овластувања.
Помалку од 24 часа подоцна, федералниот апелационен суд ги врати царините, паузирајќи ја одлуката на трговскиот суд за да ја разгледа жалбата поднесена од владата.