петок, 19 декември 2025

Трамп конечно најави дека ќе ја казни Русија по најголемиот напад на Украина досега (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа потврди дека е „подготвен за втората фаза од санкционирањето на Русија“ поради војната во Украина.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во последните недели, тој изрази растечко незадоволство од Москва по средбата со Владимир Путин минатиот месец, но досега се воздржа од преземање построги мерки.

„Подготвени сме да го зголемиме притисокот врз Русија, но сакаме нашите европски партнери да го следат примерот“, изјави претходно денес американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи: „Трката сега е колку долго може да издржи украинската војска и колку долго може да издржи руската економија“, рече Бесент.

„Доколку САД и Европската Унија воведат дополнителни санкции, вклучително и секундарни царини за земјите што купуваат руска нафта, руската економија целосно ќе пропадне, а тоа ќе го донесе претседателот Путин на преговарачка маса“, додаде тој.

Минатиот месец, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 50 отсто за Индија за купување руска нафта, меѓу највисоките што некогаш ѝ ги наметнала на некоја земја.

Русија синоќа го изврши најголемиот воздушен напад врз Киев од почетокот на војната. Беа истрелани околу 800 беспилотни летала и ракети, за прв пат беше оштетена зградата на украинската влада, во нападите загинаа најмалку тројца цивили, меѓу кои и едно двомесечно дете. Повеќе од 40 луѓе се ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ