Претседателот рече дека неговите неодамнешни најави за царини биле „малку експлозивни“, но нагласи дека тие се клучни за неговата визија за Соединетите Држави.
Трамп нагласи дека пари веќе „влегуваат“ од царините што ги наметнал.
„Царините се тука“, додаде тој.
Трамп нагласи дека САД ќе заработуваат 2 милијарди долари дневно од овие мерки. Американскиот претседател го изјави ова тврдење без дополнителни детали.
Повторувајќи многу од точките што ги кажа во последните денови, како и оние што неговата портпаролка ги спомна претходно денеска, Трамп рече: „Имавме разговори со многу, многу земји“ кои сакаат да преговараат за царините.
„Нашиот проблем е што не можеме да разговараме со толку многу земји одеднаш. Но, не мораме, бидејќи царините се тука и парите доаѓаат на ниво што никогаш не сме го виделе“, додаде тој.
Трамп, исто така, тврди дека извршни директори од индустријата изразиле желба да отворат фабрики и бизниси во САД, каде што нема да подлежат на царини.