„Мексико му должи на Тексас 1,3 милиони хектари вода според Договорот за вода од 1944 година, но Мексико, за жал, ја прекршува својата обврска од договорот. Ова е многу неправедно и им нанесува огромна штета на земјоделците во Јужен Тексас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.
„Ќе продолжиме да ги ескалираме последиците, вклучително и ТАРИФИТЕ, а можеби дури и САНКЦИИ, се додека Мексико не го испочитува Договорот и не му ја ВРАТИ НА ТЕКСАС ВОДАТА КОЈА МУ ПРИПАЃА!“ додаде тој.
Од друга страна, мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум на платформата Икс објави дека пограничниот регион е погоден од тригодишна суша и дека Мексико ги исполнува обврските од договорот „во согласност со достапноста на водата“.
Шејнбаум додаде дека мексиканската влада ќе стапи во контакт со американските претставници за да се постигне договор.