„Европската Унија е во многу аспекти полоша од Кина, во ред?“ рече Трамп, критикувајќи ја Унијата, додавајќи: „Тие играат валкано. О, тие ќе попуштат. Само гледајте. Ние ги држиме сите карти. Тие се однесуваат кон нас многу неправедно“.
Trump: “The European Union is in many ways nastier than China. We’ve just started with them. We have all the cards. They treated us very unfairly.” pic.twitter.com/u4ClW1WHtT
— StockMarket.News (@_Investinq) May 12, 2025
И покрај бројните обиди на Брисел да преговара за укинување на царините наметнати од Трамп за европските стоки, ЕУ сè уште не постигна никаков напредок.
Изјавите на Трамп претставуваат значителен пресврт од неговите пофални зборови за претседателката на Европската комисија минатата недела, кога ја нарече Урсула фон дер Лаен „фантастична“ и изрази надеж дека наскоро ќе се сретнат.
Иако Трамп веќе се сретна со голем број европски лидери, фон дер Лаен сè уште не го закажала својот состанок со американскиот претседател. Минатата недела таа изјави дека состанокот ќе се одржи само ако на маса има „конкретен“ трговски пакет за кој може да се преговара.
Брисел минатата недела понуди низа можни отстапки, вклучувајќи ублажување на регулаторните правила и заеднички напори за ограничување на кинеското прекумерно производство, но исто така се закани со царини за американски стоки во вредност од 95 милијарди евра доколку разговорите застојат. Главниот советник на Трамп за трговија, Питер Наваро, ја нарече можната контраофанзива провокативна.
Новите жестоки изјави на Трамп доаѓаат откако САД и Кина се согласија да ги намалат меѓусебните царини по разговорите меѓу американскиот секретар за финансии Скот Бесант, трговскиот претставник Џејмисон Грир и кинеските претставници во Швајцарија.
САД привремено ќе ги намалат царините на Трамп за кинескиот увоз од 145 отсто на 30 отсто, додека Кина ќе ги намали мерките од 125 отсто на 10 отсто. Оваа суспензија важи 90 дена, што отвора можност за понатамошни преговори.
„Тарифите на Денот на ослободувањето“ на Трамп, кои тој ги воведе врз земјите ширум светот, вклучително и ЕУ, предизвикаа потреси на финансиските пазари. Во обид да го поправи она што го смета за неправеден третман на Европа кон САД, Трамп воведе основна царина од 10 отсто и дополнителни давачки од 25 отсто за автомобили и метали, и најави нови мерки, сите насочени кон враќање на производството во САД по загубите предизвикани од глобализацијата.
Трамп ги даде овие изјави за ЕУ во контекст на презентирање на нов план за цените на лековите, со кој сака да ги принуди фармацевтските компании да продаваат лекови во САД по најниската цена што ја нудат насекаде во светот.