сабота, 12 јули 2025

Тепачка во бугарскиот парламент (ВИДЕО)

Тензиите околу планираниот влез на Бугарија во еврозоната вчера достигнаа врв кога дојде до физичка пресметка во парламентот.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Кончо Ганев, пратеник од крајно десничарската проруска партија Препород (Вазраждане), беше снимен како го турка Јавор Божанков, пратеникот од партијата „Продолжуваме со промените“, во пленарната сала за време на жестока дебата за еврото, а подоцна наводно дошло и до сериозна физичка пресметка која не е снимена на камера.

Судирот избувнал откако пратениците на партијата Препород ја блокирале говорницата, носејќи транспаренти на кои пишувало „Не за еврото“ и „Да за нашиот лев“, протестирајќи против планираното преминување на еврото.

Физичката пресметка ја означи најсериозната ескалација на политичкиот конфликт во парламентот откако расправата за еврото стана централна тема во бугарската политика.

Инцидентот се случи непосредно откако парламентот го поддржа планираниот влез на Бугарија во еврозоната, закажан за 1 јануари 2026 година, што би ја направило земјата 21-ва членка на заедничката европска валута. Европската комисија и Европската централна банка веќе дадоа зелено светло за тој чекор.

Во исто време, илјадници противници на еврото се собраа пред парламентот во Софија, носејќи бугарски и руски знамиња и извикувајќи слогани како „Не за европскиот колонијализам“.

Протестот го организираше партијата Преродба, чии поддржувачи ги блокираа пристапите до парламентот и зградата на централната банка. На транспарентите можеа да се видат пораките: „Да го спасиме бугарскиот лев“ и „Иднината им припаѓа на суверените држави“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ