„Ќе видите дека со новиот папа ќе имаме многу поголеми предизвици токму по тоа прашање“, кажа Вучевиќ за телевизија Пинк, кажувајќи дека еден од најмоќните кардинали, кој бил во посета во Белград, кажал дека е прашање каква позиција ќе има Ватикан за Косово по папата Франциско.
Вучевиќ објасни дека папата Француско бил коректен и околу прашањето на канонизацијата на Алојз Степинац и во согласност со Српската православна црква тоа да не се случи.
„Тие две работи не смеат да се заборават. Папата Франциско беше коректен кон српскиот народ за барем овие две теми и ако тоа не го спомнеме ќе згрешиме пред Бога и вистината“, истакна Вучевиќ.