понеделник, 12 мај 2025

Шпанија најави дека оваа година ќе ја исполни целта на НАТО од 2 отсто од БДП за одбраната

Шпанија оваа година ќе ја исполни целта на НАТО за издвојување два отсто од бруто домашниот производ, што е многу порано од 2029, односно рокот кој претходно си го постави, кажа премиерот Педро Санчез.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шпанија потрошила само 1,3 отсто од БДП на одбраната во 2024, најмалку меѓу членките на НАТО. Американскиот претседател Доналд Трамп ги притиска европските членки на НАТО да го зголемат военото трошење на дури пет отсто и се колеба со финансирањето на Киев во конфликтот со Русија.

Санчез кажа дека ќе ја исполни целта со дополнително трошење на 10,47 милијарди евра, а фокусот ќе биде на зголемување на бројот на војници, телекомуникациите, кибернетичката безбедност и набавката на воена опрема.

„Овој план ќе ни помогне да ја исполниме целта во рекордно време“, наведе Санчез. „Шпанија ќе придонесе на одбраната на Европа“.

Европската комисија предложи на државите членки да им се овозможи да го зголемат трошењето на одбраната за 1,5 отсто од БДП годишно во текот на четири години без казнување за зголемувањето на дефицитот и сака членките на блокот да ги здружат ресурсите на заеднички одбранбени проекти.

Санчез кажа дека е сигурен дека повеќето пратеници, ќе го поддржат планот, но и додаде дека неговата малцинска влада предводена од социјалистите не бара одобрување од парламентот, бидејќи главно станува збор за прераспределба на постоечки средства и користење на буџетски заштеди, без влијание на даноците или дефицитот.

Италија објави минатата недела дека исто така ќе ја исполни целта на НАТО од два отсто годишно оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ