Според истражувањето, 28 отсто се против блокадата на Франција, додека 26 отсто се неопределени. Главната причина за движењето е падот на куповната моќ, според анкетата спроведена на 3 и 4 септември.
Приврзаниците на левицата во огромно мнозинство го поддржуваат ова движење кое се појави на социјалните мрежи, а помалку го поддржуваат десничарските и екстремно десничарските симпатизери. Движењето за блокада е најмалку популарно кај поддржувачите на крајнодесничарската партија Национален собир.
Движењето најмногу го поддржуваат приврзаниците на владејачката центристичка коалиција, додава Фигаро.
Повици за штрајкови во среда, 10 септември, упатија неколку синдикати, особено во секторите за транспорт и медицински услуги, најавени се и други акции, од кои некои потсетуваат на поранешните акции на граѓанското движење „Жолти елеци“, со блокади на патиштата.
Се повикува на избегнување на употреба на банкарски картички и бојкот на пазарење.
Точно 51 отсто од Французите го припишуваат движењето „Да блокираме сè“ на падот на куповната моќ на домаќинствата, 47 отсто на планот на премиерот Франсоа Бајру за намалување на дефицитот, а 43 отсто на непопуларноста на претседателот Емануел Макрон и премиерот Бајру.
Анкетата беше спроведена пред гласањето за доверба на владата во парламентот, закажано за утре и кое би можело да предизвика пад на владата.






