Нападот ги оневозможи автоматизираните системи, дозволувајќи само рачни процедури за пријавување и качување, соопшти аеродромот Завентем во близина на Брисел. „Ова има големо влијание врз распоредот на летовите и за жал ќе предизвика доцнења и откажувања“, се наведува во соопштението на операторот објавено на неговата веб-страница.
„Давателот на услуги активно работи на проблемот и се обидува да го реши што е можно побрзо“, се додава во соопштението. На патниците кои ги планирале своите летови до засегнатите аеродроми им е советувано да го потврдат своето патување со авиокомпанијата пред да се упатат кон аеродромот.
„Поради технички проблем со системски давател на услуги што работи низ Европа, времето на чекање за пријавување е подолго. Работиме на брзо решение“, се вели во соопштението на аеродромот во Берлин на неговата веб-страница. Портпаролот, исто така, рече дека нападот не го погодил аеродромот во Франкфурт.






