вторник, 24 јуни 2025

САД: Врховниот суд го отфрли барањето на владата за продолжување на брзите депортации според воен закон од 18 век

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави го отфрли барањето на администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп да ѝ се дозволи брзо продолжување на депортациите на мигранти од Венецуела – според воен закон од 18 век.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Од деветте судии, седум гласаа за отфрлање на барањето, а постапката пред Врховниот суд беше спроведена по итно барање од адвокати на група венецуелски мажи обвинети за членство во банди, што, според администрацијата на Трамп, ги квалификува за итно отстранување од Соединетите Држави според Законот за странци-непријатели од 1798 година.

Судиите кои го поддржаа барањето на администрацијата на Трамп се конзервативците Самуел Алито и Кларенс Томас.

Врховниот суд претходно привремено ги запре депортациите од установа за притвор во Северен Тексас, а таа наредба беше издадена минатиот месец – среде ноќ.

Случајот на мигрантите од Венецуела е само еден од неколкуте што завршија на суд откако Трамп во март го прогласи нарко-картелот Трен де Арагва за странска терористичка организација и соодветно побара неговите членови да бидат протерани од САД врз основа на закон од 1798 година.

Врховниот суд се концентрираше на правото на луѓето да ја оспорат својата депортација и не се осврна на тоа дали повикувањето на законот од 18 век од страна на Трамп било соодветно или не. Тој, исто така, јасно стави до знаење дека не ги оспорува другите начини на владата за депортирање.

Најмалку тројца федерални судии утврдија дека Трамп неправилно го повикал законот за да ги забрза депортациите на луѓе што неговата администрација ги означила како членови на венецуелската банда Трен де Арагва. Судија од Пенсилванија, пак, одобрил примена на законот за вакви случаи.

Различниот пристап на федералните судии произлегува од друга одлука на Врховниот суд, според која затворениците кои сакаат да ја оспорат својата депортација мора да го сторат тоа од местото каде што се притворени и мора да им се остави „разумен рок“ да поднесат жалба.

Сепак, Врховниот суд не прецизираше што е „разумен рок“ и ја отфрли употребата на рокот од 12 часа на кој инсистираше американската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ