недела, 4 мај 2025

САД: Имаме нов план за мир, им го претставивме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Држави им претставија на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинската вицепремиерка и министерка за економија Јулија Свириденко истиот ден извести дека САД и Украина потпишале меморандум во врска со договорот за минерали кој допрва треба да биде финализиран. Претставници на Белата куќа претходно истакнаа дека договор е клучен за напредок во мировните преговори.

„Американскиот претседател Доналд Трамп и Соединетите Држави сакаат да стават крај на оваа војна и сега на сите страни им претставија рамка за траен и одржлив мир“, рече Брус. Според неа, предлогот бил претставен пред украинските и европските претставници во Париз, додека американскиот државен секретар Марко Рубио истото ѝ го пренел на Русија во телефонски разговор.

„Рубио разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Државниот секретар на својот руски колега му ја пренесе истата порака што американската делегација им ја пренесе на украинските претставници и нашите европски сојузници во Париз“, рече Брус. Таа додаде дека американскиот предлог бил позитивно примен во Париз.

„Охрабрувачките реакции на американскиот предлог во Париз покажуваат дека мирот е можен, доколку сите страни навистина се посветат на постигнување договор“, рече Брус.

Соединетите Американски Држави досега одржаа одделни разговори со Украина и Русија во Саудиска Арабија со цел да се постигне прекин на огнот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 6 април изјави дека Русија отфрла безусловен прекин на огнот бидејќи сака да продолжи со ракетните напади од Црното Море. Досега Москва покажува мала волја за сериозни мировни преговори. Руските власти поставуваат максималистички барања во разговорите за прекин на огнот со Украина и САД.

Украина веќе го прифати предлогот на САД за целосен 30-дневен прекин на огнот, објавувајќи на 11 март дека е подготвена за договор доколку Русија се согласи. Меѓутоа, Москва засега одбива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ