среда, 13 август 2025

Руски агенти убиени при обид за апсење, осомничени за убиство на полковникот Вороњич

Службата за безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека денеска при обид за апсење убила припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во областа на Киев, кои биле осомничени за убиството на полковникот на СБУ, Иван Вороњич.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Службата за безбедност на Украина (СБУ) спроведе специјална операција во која во Киев беа елиминирани руските агенти одговорни за убиството на полковникот Иван Вороњич, припадник на СБУ. Агентите дејствувале по наредба на руската разузнавачка служба ФСБ, соопшти СБУ. Операцијата ја водеше шефот на СБУ, Василиј Маљук.

„Борбена група на руската ФСБ била однапред инфилтрирана во Украина и пред три дена изврши обид за атентат врз нашиот другар, полковник Иван Вороњич. Благодарение на тајните претреси и интензивните контраразузнавачки мерки, го откривме нивното скривалиште. За време на апсењето, тие пружија отпор и дојде до размена на оган, по што беа ликвидирани“, изјави Маљук.

Истрагата утврди дека убиството го извршиле маж и жена. Налогодавачот им наредил да го следат Вороњич, да ја утврдат неговата дневна рутина и движење, потоа им ги дал координатите на скривалиштето каде што пронашле пиштол со пригушувач.

Полковникот на СБУ, Иван Вороњич беше убиен на 10 јули во областа Холосиев во Киев. Според извори во Украинска правда, околу 9 часот наутро непознат маж му се приближил и испукал пет куршуми од пиштол, по што избегал. Вороњич починал на местото на настанот од прострелни рани.

Американскиот Њујорк тајмс објави дека Вороњич учествувал во бројни специјални операции, вклучувајќи ја и ликвидацијата на рускиот милитант Арсен Павлов, познат по прекарот Моторола. Тој, исто така, предводел единица што влегла на територијата на рускиот Курски регион во 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ