четврток, 29 мај 2025

Русија тврди дека цел на смртоносниот напад во Суми бил воен состанок и ја обвини Украина дека користи цивили како жив штит

Руските власти денеска соопштија дека истрелале балистички проектили на локација каде се одржувал состанок на украинската војска во Суми во неделата, во напад во кој според украинските власти загинаа најмалку 34 лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Властите во Русија го обвинија Киев дека користи цивили како „жив штит“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили употребиле две балистички ракети „Искандер“ и го гаѓале „местото каде се состанала командната група“ на украинската војска во Суми.

„Украина продолжува да го користи населението како жив штит со поставување воени објекти или организирање настани кои вклучуваат воени лица во центарот на густо населен град“, додаде руското министерство.

Нападот, во кој беа повредени околу 100 луѓе, наиде на осуда од меѓународната заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ