вторник, 16 декември 2025

Пустош во Калифорнија откако изби еден од најголемите пожари во историјата на државата (ВИДЕО)

Повеќе од 130 објекти се уништени во пожар во Калифорнија, поради што е наредена итна евакуација во четири окрузи, соопштија денес властите на сојузната американска држава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот избувнал синоќа и уништил повеќе од 239.000 хектари, што е приближно површината на Сан Диего, што го прави 13-от најголем пожар во историјата на Калифорнија, пренесува Си-ен-ен.

Повеќе од 1.600 пожарникари се ангажирани во гасењето на пожарот, а поради ширењето на огнената стихија загрозени се уште 4.200 објекти.

Началникот на пожарникарската служба Били Си изјави дека во вечерните часови веројатно ќе ослаби ветерот и ќе биде поголема влажноста на воздухот, па пожарникарите ќе имаат поголеми шанси да го изгасат пожарот.

Локалните власти наведоа дека ќе биде потребно извесно време пред на луѓето да им биде дозволено враќање во домовите.

Полицијата уапсила осомничен за подметнување на пожарот.

„Осомничен е уапсен поради сомнеж дека турнал запален автомобил во дол“, соопштија властите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ