среда, 7 мај 2025

Позитивен исход од руско-американските разговори во Истанбул, но без конкретни резултати

Русија и САД на состанокот во Истанбул демонстрираа постоење на политичка волја, но рано е да се извлечат какви било конкретни заклучоци, изјави неименуван турски дипломатски извор, нагласувајќи дека е неопходно овие изјави да се поткрепат со реални резултати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Изјавите на страните покажуваат позитивен став и присуство на потребната политичка волја. Сепак, прерано е за какви било конкретни заклучоци. Не се мешаме во преговарачкиот процес, но би било одлично овие преговори да донесат конкретни резултати“, изјави извор за РИА Новости.

Средбата меѓу Русија и САД во Истанбул помина во позитивна атмосфера, а како што рече рускиот амбасадор во САД и шеф на руската делегација на преговорите Александар Дарчиев, средбата овозможила напредок во нормализацијата на работата на дипломатските мисии на двете земји.

Обновата на односите меѓу Москва и Вашингтон започна со средба на делегации во Ријад на 18 февруари. Покрај тоа, во текот на изминатите два месеци, претседателите на двете земји Владимир Путин и Доналд Трамп двапати телефонски разговараа.

Шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев минатата недела ги посети Соединетите Држави и оствари средби со претставници на администрацијата на Белата куќа. Според него, постигнат е напредок во разговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ