Според болничките податоци, повеќе од 40 лица се убиени во последните израелски напади низ Појасот Газа, јавува Би-би-си.
Според извештаите, најмалку 36 тела биле транспортирани во болници на југ, каде што во текот на ноќта било пријавено интензивно израелско бомбардирање.
Целта на нападот бил Кан Јунис, најголемиот град во јужна Газа.
Извор во болницата Насер во Кан Јунис потврди дека меѓу загинатите има деца, вклучувајќи и бебе. Во нападите се погодени куќи и шатори во кои биле сместени раселени семејства во градот и околните области.
Локалните новинари објавија дека мртовечницата на главната градска болница е преполна со тела, додека ходниците на итната помош се полни со ранети.