вторник, 16 декември 2025

Полска усвои закон кој на силите за безбедност им овозможува неказнето да користат оружје на границата

Пратениците на полското собрание изгласа закон кој на силите за безбедност, војската, полицијата и граничарите, им овозможува целосно неказнето да користат оружје во случај на закана за националната безбедност или безбедноста на поединци, особено на границата со Белорусија, каде тензиите се високи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Советот на Европа и активисти изразија загриженост дека полските сили сега можат да дејствуваат без каква било одговорност.

Гласањето за овој закон, кој шефот на државата Анджеј Дуда допрва треба да го потпише за да стапи на сила, следи по инцидентот во кој полски војник беше смртно избоден на границата со Белорусија.

Полска, членка на Европската Унија и НАТО, ја обвини Русија, чиј сојузник е Белорусија, за, како што тврди, обиди илјадници мигранти од Африка да префрли од својата територија во Европа, откако претходно ги носи до полско-белоруската граница.

Новиот закон „исклучува кривична одговорност на органите за спроведување на законот кога користат оружје или директна сила“ ако постои закана по безбедноста на поединци или земјата.

Комесарот на Советот на Европа за човекови права Мајкл О’Флаерти изрази неодамна загриженост дека законот може да „поттикне недостиг од одговорност“.

„Тоа би можело да создаде правна и политичка рамка која државните сили распоредени во пограничните области би ги поттикнало да не постапуваат во согласност со правилата за пропорционална употреба на сила и огнено оружје“, истакна тој.

Полската адвокатка и активистка Хана Мачинска истакна дека „прашањето на националната безбедност не може да дава одврзани раце за дела со кои се кршат човековите права“.

„Ништо не го оправдува воведувањето правила кои се фактички дозвола за убивање“, порача таа.

Полската војска неодамна најави дека ќе го засили своето присуство долж границата со Белорусија поради „постојаните провокации“.

Во јуни војник во патрола во оваа погранична област бил избоден преку пет метри високата метална ограда која Полска ја крена во 2022 година за да ги одврати мигрантите од обидите да влезат на нејзина територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ