четврток, 24 април 2025

Папата неочекувано се појави пред верниците на плоштадот Свети Петар

Папата Франциско, кој се опоравува од тешко воспаление на белите дробови, денеска неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар на десетина минути, поздравувајќи ги притоа верниците и свештениците кои дојдоа на Цветници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Аргентинскиот папа (88) седеше во својата инвалидска количка и изгледаше дека е во релативно добра форма. Немаше назална канила за кислород, се движеше низ плоштадот во инвалидска количка, се ракуваше со присутните и им нудеше слатки на децата пред да им посака на сите „среќна Цветници и среќна Страсна седмица“ од олтарот пред базиликата Свети Петар.

Светиот Отец имаше неколку изненадувачки појави на настани минатата недела, иако ниту едно не беше најавено како дел од официјалната програма на Ватикан.

Франциско пред една недела неочекувано се појави за прв пат пред базиликата Свети Петар и ги поздрави верниците, а во средата на приватна аудиенција ги прими англискиот крал Чарлс и кралицата Камила, иако нивната средба првично беше откажана.

Во четвртокот тој ја посети и базиликата Свети Петар за да се увери дека работите на нејзината реставрација се одвиваат непречено и му оддаде почит на Пиј X пред неговиот гроб, притоа поздравувајќи ги верниците и реставраторите кои беа таму. Во саботата се молеше во својата омилена базилика, онаа на Света Марија Велика.

Во денешната молитва Ангел Господов, што ја пренесе Ватикан, Папата им се заблагодари на верниците за нивните молитви и повика за мир во светот, особено мислејќи на жртвите од уривањето на ноќниот клуб во Санто Доминго.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ