петок, 2 мај 2025

Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“ (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат да сметаат на унгарските.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Почитуван Александар! Почитувани српски патриоти! Поздрав од Будимпешта. Со месеци следиме што се случува во Србија. Странски сили се обидуваат да се мешаат во животот на Србите. Ова се случува и кај нас. Странски сили сакаат да им кажат на Србите како треба да живеат. Истото го прават и кај нас“, рече Орбан во видео пораката.

Тој додаде дека странски сили постојано ги напаѓаат оние кои се залагаат за суверенитетот на Србија, јавуваат белградските медиуми.

„И заради тоа нè напаѓаат. Гледаме дека не се откажувате, гледаме дека се борите храбро, бидејќи сакате суверена Србија. Не сте сами – вашата борба е и наша борба. Српските патриоти можат да сметаат на унгарските патриоти. Да живее претседателот Вучиќ, да живее Србија“, рече Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ