Извлекувањето на бродот Бајесиан од морето, кој лежи на десната страна на длабочина од 50 метри, би можело да помогне да се разјасни зошто потона во ненадејната бура во близина на пристаништето Портичело во близина на Палермо, што е настан без преседан кој ги збунува поморските експерти.
Операцијата на извлекувањето заеднички ќе ја водат холандската компанија ХЕБО маритајмсервис и СЗмит салвиџ, изјавија италијанските власти. Компаниите засега не се достапни за коментар.
Брод со голема дигалка на ХЕБО испловил од Ротердам и во моментов плови долж францускиот брег на Атлантикот, кажал еден од изворите, додавајќи дека до Портичела ќе му требаат 10 до 12 часа пловење.
На Бајесиан во моментот на несреќата имало 22 лица. Петнаесет преживеаја. Меѓу преживеаните се девет од десетте члена на екипажот и сопругата на Линч, чија компанија е сопственик на бродот, но меѓу загинатите е ќерката на Линч.
Под истрага се тројца членови на екипажот: капетанот Џејмс Катфилд, бродскиот инженер Тим Паркер Итон и морнарот Метју Грифитс кој таа ноќ бил на стража на палубата. Осомничени се за убиство од небрежност и предизвикување бродолом.