„Без разлика дали ни се допаѓа или не, ќе бидеме зависни од САД уште долго време“, изјави Мерц, пренесува Ројтерс.
По посетата на Вашингтон, Мерц изјави и дека многу американски пратеници не го сфаќаат обемот на вооружувањето на Русија.
„Тие очигледно немаат поим што се случува таму во моментов“, рече Мерц, без да ги идентификува сенаторите на кои мислеше.
Мерц и Трамп се состанаа во четврток за да разговараат за низа теми, вклучувајќи го конфликтот Русија-Украина и царините што САД ги воведоа врз Европската Унија, како и врз НАТО.